СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44 годишно лице од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа. Истовремено, тој примал редовен месечен надоместок за плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа, информираат од СВР Охрид.

OhridNews