Лејла Лопез од Ангола победила на изборот за Мис Универзум, одржан во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил. На 60 јубилејно издание на изборот учествувале убавици од 89 земји. За прва придружничка била избрана претставничката на Украина, а за втора од Бразил.


Круната на Лопез и била врачена од страна на минатогодишната победничка Химена Наварете. Како што се проценува, преносот од изборот за Мис Универзум го следеле повеќе од една милијарда луѓе ширум светот.