Лејди Гага на својот фејсбук профил објавила фотографија на која е заедно со Алис Купер, чиј голем обожавател е таа. Пејачката под фотографијата напишала „штотуку умрев и заминав во пеколот“. Лејди Гага покрај Алис Купер позира во долна облека и со очила за сонце. Кај овој тандем фотографијата не може да помине без малку крв, па така Гага по телото е намачкана со црвена боја, а рокерот ја држи за вратот како да ја дави.
Лејди Гага е голем фан на Алис Купер, па го замолила да се појави на некој од неговите концерти и да добие мала улога. Тоа ќе се случи во мај во Бразил, а фановите можат да очекуваат настап за паметење од обајцата. Имајќи ја во предвид репутацијата на Купер базирана на крвави настапи во кои глуми смрт на сцената, оваа соработка би можела да помине во нешто посериозно.