Лејди Гага ќе има мала улога во третото продолжение на филмот „Луѓе во црно“, потврдил Вил Смит. Тој рекол дека неколку славни личности ќе имаат помали улоги во филмот, но нема да открие кои. Открил само дека и поп пејачката Лејди Гага ќе биде дел од филмот.
Инаку, пејачката минатата година изјавила дека би сакала да се појави во некој популарен филм. Во второто продолжение од филмот „Луѓе во црно“ помала улога имал починатиот крал на попот Мајкл Џексон.