Американската поп ѕвезда Лејди Гага очигледно премногу го оптоварила колкот, бидејќи сега била прикована за инвалидска количка. Како што пренеле американските медиуми, соочена со сериозен здравствен проблем, пејачката морала да ги откаже преостанатите 25 настапи на својата американска турнеја.
Наскоро ќе биде подлегната на операција, а дотогаш ќе мора да се движи во инвалидска количка. Лејди Гага сепак одлучила да се пошегува со моменталната состојба, па така му ставила име на своето помагало. Под фотографијата која ја објавила на Твитер од инвалидската количка напишала „Ова е Ема“. Нејзините обожаватели ќе мора да причекаат извесно време додека таа се врати на сцената.