Пејачката Лејди Гага е позната по својот несекојдневен и контраверзен стајлинг, но понекогаш знае и да изненади. Така било и овој пат кога на Инстаграм поставила фотографија на која се гледа нејзиниот нов стајлинг. Неутрална шминка, црна кратка коса, „нормална гардероба“, направиле Лејди Гага да изгледа непрепознатливо.
Природниот, среден и елегантен изглед не е она што би ви паднало на памет кога ќе помислите на оваа пејачка. Напротив, фустан од сирово месо, вртоглаво високи потпетици, нападна шминка и екстравагандни фризури се првите асоцијации покрај името на оваа пејачка. Парадоксално, но оваа пејачка успева да изненади повеќе со својот природен изглед отколку со сите тие необични костими.