Моментално најпопуларната пејачка Лејди Гага во 2010 заработила 64 милиони долари, и сега одлучила да го собори сопствениот рекорд. Зацртала во 2011 да заработи најмалку 100 милиони долари. Таа оваа година ќе објави нов албум, по кој ќе следи турнеја, за која спремила нови маркетиншки трикови.
Списанието „Форбс“ предвидело дека во оваа година Лејди Гага само од турнејата која би траела шест месеци би можела да заработи 35 милиони долари. Пејачката на неодамна одржаниот концерт во Полска го најавила својот нов албум како нешто што досега публиката не можела ниту да го замисли.