Се чини дека популарната пејачка Лејди Гага е преку уши вљубена во својот вереник Тејлор Кини, шти и покажа на премиерата на филмот “Rock the Kasbah”. Пејачката се појави во друштво на вереникот на премиерата на неговиот нов филм “Rock the Kasbah” која беше одржана во Њујорк.
Освен што на својот сакан му пружи поддршка на црвениот тепих, Гага не можеше да ги контролира своите чувства, па го гушкаше и бакнуваше вереникот пред фотографите. Инаку парот е во врска веќе четири години. Се запознаа во 2011 година на снимањето на спотот за песната на Гага “You and I”. Верени се веќе неколку месеци а сега планираат и свадба.