Лејди Гага е позната по својот несекојдневен стајлинг, кој е следен и со впечатлива шминка. Меѓутоа, овој пат во потполно природно издание уживала со пријателите на плажа. Одлучила малку да одмори и да ги наполни батериите за претстојните настапи. Пејачката после успешниот концерт во саботата отишла на Бахамите во друштво на пријателите, како би се опуштила и припремила за продолжението на турнејата.
Гага во Костум за капење го истакна своето тело и делувала сосем природно, без шминка. Косата ја врзала како Пипи Долгиот Чорап, а на нејзиниот грб може да се забележи големата тетоважа. Освен капењето и сончањето, Гага уживала во дневните забави, а журката ја надополнила со коктели. Таа и понатаму има неколку килограми вишок, но се чини дека тоа не и смета, па гордо го покажувала своето тело.