Лејди Гага премиерно го објавила спотот за новата песна “You and I” и повторно ја шокирала јавноста појавувајќи се целосно гола. По фамозниот фустан од есо во кој продефилирала на доделувањето на наградите, пејачката овој пат се соблекла гола во видео спотот за новата песна.
Пејачката во спотот се претвора во сирена, а костумот од сирената и го прекрива само долниот дел од телото, откривајќи ги нејзините голи гради. Во еден кадар таа е потполно гола, додека градите ги прекрива само со рацете. Меѓутоа, ова не е единствената шокантна работа во спотот, во кој ѕвездата води љубов со еден човек, за да на крајот и самата се претвори во припадник на посилниот пол.