Лејди Гага е прогласена за најдобар изведувач, најдобар поп-уметник и за песна на годината „Бед романс“.
Таа веќе собра осум награди на Ем Ти Ви Видео Мјузик Авордс 2010, во септември во Лос Анџелес, вклучувајќи ја наградата за најдобар музички спот за „Бед романс“.
Младиот тинејџер Џастин Бибер ја освои наградата за најдобар нов уметник и нова надеж.
На церемонијата која се емитуваше во живо низ целиот свет, која ја проследија 46 милиони обожаватели, беше предводена од „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија, која се пресоблече во девет различни фустани во текот на вечерта.
извор: „Макфакс“