Пејачката Лејди Гага и модната дизајнерка Донатела Версаче направиле провокативни фотографии во куќата на покојниот дизајнер Џани Версаче. Лејди Гага после големата забава се соблекла топлес, а потоа се фотографирала со пријателката Донатела.
Ги фотографирал Тери Ричардсон, моден фотограф и најдобар пријател на Лејди Гага. Фотографот Тери и сам застанал пред објективот, а своето ремек дело подоцна го објавил на Твитер. Многумина на Твитер коментирале дека Гага и Донатела си личат како да се мајка и ќерка. Нив, пак, тие споредби им ласкаат.