Поп пејачката Лејди Гага, која има 18 милиони следбеници на Твитер и повеќе од 47 лајкови на Фејсбук, одлучила да стартува сопствена интернет мрежа. Пејачката го стартувала друштвениот сајт www.littlemonsters.com направен специјално само за нејзините обожаватели на кој сите можат да се регистрираат и да станат дел од нејзината мрежа.

Иако страницата сеуште не е во функција, таа дозволувала фановите да се регистрираат, а по регистрацијата се појавувала порака на која пишувало „Возбудени сме што ќе можеме со вас наскоро да го поделиме светот на малите чудовишта, а наскоро ќе добиете и официјална покана да ни се придружите“. Сајтот, кој бил креиран од компанијата „Bekplejn“ им дозволувал на познатите директно да комуницираат со своите обожаватели.