Лејди Гага која моментално се наоѓа во Сеул ги воодушевила своите фанови кога на аеродромот се појавила во бел „Версаче“ фустан со златни детали и маска од бисери која ја носела на лицето. Неа наскоро ја очекуваат серија концерти во Југоисточна Азија. Пејачката пристигнала во Сеул каде ќе ја започне својата турнеја.
По концертот во Сеул на 27 април, контраверзната пејачка ќе ја продолжи својата турнеја со настапи во Хонг Конг, Јапонија, Тајван, Филипините, Тајланд, Сингапур, Индонезија, Нов Зеланд и Австралија. После Азија, Лејди Гага доаѓа во Европа, каде ќе продолжи со својата турнеја која е наречена „Born This Way“.