Пејачката со италијанско потекло доби една од главните улоги во новата сезона на серијата „Американска хорор приказна“. Единствено барање на пејачката било да добие улога на негативец, што продуцентите прифатиле и исполниле, бидејќи за претходната сезона било специфично ликовите да пејат познати песни.

Гага во сезоната со наслов „Хотел“ е пејачка која е спремна да прифаќа совети и сугестии. Како што велат колегите од сетот, била многу професионална. Така воопшто не и било проблем да се соблече и да снима секс сцени со колегата од сетот. Таа градите ги прекрива со косата, но во неколку сцени многу верно доловува како изгледа да се води љубов со една од најпознатите пејачки на светот.