Поп пејачката Лејди Гага наводно повторно е во врска со актерот Тејлор Кини, пренеле американските таблоиди. Гласините за помирувањето започнале кога Кини и се придружил на Лејди Гага на нејзината турнеја, а потоа заедно отишле во Сингапур.

Неименуван извор кој во еден момент ги видел како се бакнуваат рекол дека постојано се држеле за рака. Актерот и пејачката ја раскинале својата романса пред еден месец, а главна причина била нејзината турнеја “Born This Way Ball” која би требало да трае околу 110 дена.