Славната пејачка наводно во тајност го изговорила судбоносното „да“ со своето долгогодишно момче Тејлор, а гласините за нивната венчавка биле поттикнати од една фотографија на Инстаграм. Се започнало од актерката Софија Буш, која со Тејлор игра во серијата “Chicago Fire”. Имено, таа на својот Инстаграм профил поставила фотографија во прегратките на Тејлор и во коментарот се осврнала на неговиот сребрен прстен на раката. Таа напишала дека тоа е негов личен прстен и дека не е за ликот во серијата.
Набрзо после тоа почнале да се појавуаат коментари дека Тејлор на својата рака всушност носи бурма. Актерот и Лејди Гага се во врска веќе три години, а папараците во јули оваа година ја фотографирале пејачката како разгледува венчаници.