Пејачката Лејди Гага открила дека го обожава својот парфем “Lady Gaga Fame”, толку многу, што се капи во него. Таа изјавила дека парфемот не треба да се штеди и затоа се капела во него. Потоа се чувствувала заводливо и секси, а во една прилика на тој начин уловила многу згоден маж.
Ѕвездата додала дека сака да ги вклучува своите пријателки во подготовките за настапите. Така некои од нив и го тријат грбот во кадата, додека други и помагаат да се облече. Благодарение на овој третман, како што вели, се чувствувала како гејша.