Интригантната пејачка Лејди Гага тврди дека повеќе од се сака еден ден да заснова големо семејство. Поп ѕвездата планира да има многу деца, односно барем три.
Таа рекла дека сака да се омажи да се грижи за деца. Искрено,според неа, кога ќе се најде во улогата на мајка, тоа ќе го свати како да има свои три мали чудовишта. Додала дека можеби нема да им се допаѓа нивната музика. На крајот заклучила дека во секој случај не би можела да го замисли животот без семејство.