Контраверзната пејачка Лејди Гага неодамна изјавила дека мора да го искористи своето огромно богатство, па одлучила да посвојува деца. Лејди Гага во Индија веќе основала организација под името “Born This Way”. Планира да посвои деца од сите краеви на светот.
Извор близок на пејачката изјавил дека отсекогаш сакала да посвои и усреќи некое дете. Откако станала славна мислела дека тоа знак дека треба на добар начин да го искористи големото богатство кое го стекнала исклучиво со својот труд и работа. Изворот додал дека сепак нејзините планови нема брзо да се остварат, бидејќи моментално била фокусирана на кариерата.