“The Lady is a Tramp” е песната која минатата година со заеднички сили ја снимиле легендарниот пејач Тони Бенет и Лејди Гага, за потребата на албумот “Duets”, а пејачката сега би сакала да ја продолжат соработката на нејзиниот џез албум.

Многу и се допаднала соработката со Бенет, па најавила дека би сакала да сними цел албум дуети со него. Ова би означило пресврт во нејзината кариера, бидејќи сите следни песни би биле во џез манир.