Пејачката Лејди Гага изјавила дека воопшто не ги троши милионите кои ги заработила откако станала позната, и дека и понатаму живее во истиот стан кој го купила пред шест години. Пејачката сакала да троши пари за турнеите и настапите, но не и на самата себе. Таа додала дека со музика се занимава бидејќи истата ја сака, а не за да заработува.


Пејачката која има 26 години се’ уште жиеела во станот кој го купила пред да стане ѕвезда. Таа рекла дека станот е мал, но неа и бил доволен. Сепак, можеби наскоро истиот ќе го промени, бидејќи како што изјавила неодамна, сакала семејство со своето момче Тејлор Кини.