Поп пејачката Лејди Гага потврдила дека раскинала со долгогодишното момче, хеви метал тапанарот Лук Карло, пренеле британските медиуми. Изјавила дека нема момче и дека веќе извесен период не била на состанок. Врската со Лук и послужила како инспирација за нејзиниот деби албум “The Fame”.
Таа гостувајќи во емисијата на Граам Нортон на BBC, додала и дека многу работи и дека не излегува со машки бидејќи брзо и здосадуваат. Вториот албум на Лејди Гага “Born This Way” ќе биде објавен на 23 мај.