Поп пејачката Лејди Гага потврдила дека планира да сними џез албум, на кој ќе соработува со пејачот Тони Бенет. Таа на Твитер напишала дека едвај чека да почне соработката и поставила своја фотографија на која е заедно со Бенет.
Продуцентот на третиот студиски албум на пејачката, ‘Artpop’, неодамна изјавил дека обожавателите нејзиниот нов албум можат да го очекуваат оваа пролет.