Музичкото списание Билборд објави дека поп дивата ја именува за жена на годината, бидејќи Гага била „највлијателен соговорник во 2015 година“ во ова списание. Списанието соопшти дека признанието ќе и биде доделено на настанот „Жена во музиката“ планиран за 11 декември во Њујорк. Настанот кој се организира веќе десет години прв пат ќе биде прикажан на телевизија на каналот „Lifetime“.

 

Лејди Гага заедно со Тони Бенет минатата година го објави со Греми наградениот џез албум “Cheek to Cheek”. За следната година најавува нов албум, а ќе се појави и во популарната серија „Американска хорор приказна: Хотел“, чија премиера е закажана за 7 октомври. Жена во музиката е настан на кој се оддава признание на 50 најмоќни жени директори во музичката изндустрија. Оваа титула ќе биде голема чест за Гага, па реши преку социјалните мрежи тоа да го подели со јавноста, како и да му се заблагодари на Билборд на ова признание.