Популарната пејачка Лејди Гага продала во првата седмица повеќе од милион копии од својот нов албум ”Born This Way”. Ова е најдобро забележана продажба за една седмица по албумот на раперот Фифти Сент ”Masacre” кој во 2005 година бил продаден во 1,14 милиони примероци.
Списанието „Билборд“ проценило дека од сајтот Амазон имало повеќе од 440 илјади преземања на албумот ”Born This Way”. Се на се вкупниот број преземања на албумот изнесувал 662 илјади копии. Првиот албум на Лејди Гага ”The Fame” од 2008 година го заземал второто место по продажба во САД со 4,2 милиони примероци.