На светската турнеја Лејди Гага одржа свој концерт и во салата О2 во Даблин, и како и секогаш, имала припремен интересен сценски настап, но вниманието најмногу го привлекла со новиот “моден додаток“, салото. Додека свирела на клавир можело да се забележи дека не е слаба како порано. Хранењето со риба и компирчиња, и уживањето во виски среде ноќ, придонесле Лејди Гага повеќе да не е слаба како „стапче“.


Нејзиниот претходен менаџер вели дека мора да биде претерано слаба за да може да влезе во необичните костими кои креаторите ги имаат осмислено за неа. Тој додава и дека пејачката обожава да се прејаде со чипс и колачи, а потоа едноставно гладува за да ослаби што побрзо. Поради тоа и не е чудно што во 2009 година дури шест пати била во болница поради исцрпеност.