Популарната пејачка Лејди Гага соработувала со колегата Елтон Џон на песната “Hello Hello” за цртаниот филм “Gnomeo and Juliet”, а сега планираат да снимат дует за новиот албум на Лејди Гага.
Нивната нова соработка воопшто не претставува изненадување, бидејќи биле добри пријатели и приватно, а Гага е кума на синот на Елтон Захарија. Пејачката изјавила дека нејзиниот следен дует ќе биде со Елтон Џон. Додала дека веќе работи на следниот албум.