Пејачката Лејди Гага која најголемо внимание предизвикува со своите смели и необични комбинации на облекување одлучила да ја репризира епизодата „фустан од месо“ за време на турнејата во Токио. Гага пред две години на доделувањето на MTV наградите се појавила во фустан од месо кој го креирал дизајнерот Франц Фернандез. Фустанот предизвикал големи контраверзии, дури и лутење кај здружението за заштита на животните ПЕТА.

Скандалозната пејачка на својот Твитер профил објавила фотографија на уште една креација од месо, фустан од турнејата “Born This Way Ball”, кој го носела при изведувањето на песната “Americano” во Токио. Покрај фустанот, таа носела и чизми од месо.