Глобалната суперѕвезда Лејди Гага во Белфаст го потврдила својот статус на прва дама на попот на 18 по ред доделување на европските MTV награди, со освојување на четири награди на настанот кој си собрал сите светски ѕвезди во Одисеј арената во главниот град на Северна Ирска. Таа триумфирала во категориите најдобар женски изведувач, најдобра песна, најдобат спот, како и во потполно новата категорија која гласи „уметник со најверни обожаватели“.


Џастин Бибер, Бруно Марс и групата “Thirty Seconds to Mars” освоиле по две награди. Младиот пејач Џастин Бибер ги понел наградите за најдобар машки изведувач и најдобар поп изведувач. Американската група “Thirty Seconds to Mars” биле наградени во категориите најдобар алтернативен изведувач и најдобар светски настап. Бруно Марс брилијантната година ја крунисал со наградите во категориите најдобар напредок и најдобар нов изведувач.