Пејачката Лејди Гага ја основала долгоочекуваната фондација “Born This Way”. Целта на оваа фондација е да ги поддржува правата и слободите на младите, како и да помогне при подигнувањето на нивната самодоверба.


Пејачката изјавила дека се надева како ќе постават стандарди на храброст и добрина, како и останатите меѓународни организации кои ги штитат загрозените во училиштата. Со својата работа фондацијата ќе започне 2012 година, а ќе ја води мајката на Лејди Гага, Синтија Дерманота.