Пејачката Ребека Франческати ја тужела Лејди Гага за плагијат. Ребека тврди дека последниот хит на контраверзната пејачка ‘Judas’, кој се наоѓа на нејзиниот нов албум ‘Born This Way’, е копија на нејзината песна „Јуда“ од 1999 година.
Ребека била уверена дека песната до Лејди Гага дошла преку Брајан Гејнер, нејзиниот поранешен басист, кој сега работел за компанијата која напишала повеќе од песните за албумот ‘Born This Way’. Адвокатот на Ребека рекол дека иако песните се со различни стилови, композицијата била иста, а и рефренот имал иста мелодија. Таа сака да добие признание дека и таа е еден од авторите на песната, а наводно барала и одреден дел од заработката.