Популарната пејачка Лејди Гага ја оставила публиката без здив покрај малите екрани кога во една емисија го извела својот хит “Judas” облечена во кожа од питон украсена со кристали на „Сваровски“. Оригиналната креација со повеќе од илјада кристали пришиени на кожата ја осмислил дизајнерскиот тандем „Фјодор Голан“ од Лондон.
Овој специфичен модел е интересен и по тоа што на сцената е многу впечатлив и се впива на телото. Фјодор изјавил дека биле мнгу возбудени кога дознале дека ќе работат со популарната пејачка. Додал дека таа е многу инпиративна личност и дека имале исти визии и лесно се договориле. Нивните креации биле наменети за жените кои се избрани да бидат божици, а Лејди Гага совршено се вклопувала во тој опис.