Лејди Гага се пофалила дека секој ден легнува да спие нашминкана, и дека тоа воопшто не и претставува некаков проблем бидејќи имала добри гени и од шминката не и се уништувал тенот. Пејачката, позната по ексцентричното однесување рекла дека секогаш на себе носи крема со заштитен фактор.


Дека сепак има некои проблеми признала во едно интервју за списанието „Пипл“. Имено таа изјавила дека секој ден ја болат нозете од чевлите со високи потпетици кои ги носи секојдневно.