Поп пејачката Лејди Гага е најплатена ѕвезда помеѓу оние кои се помлади од 30 години, пренело списанието Форбс. Пејачката во последниве 12 месеци заработила 80 милиони долари и покрај тоа што била принудена да откаже дел од турнејата поради операција. Минатата година Лејди Гага се нашла на четвртото место на оваа листа, додека на првото била Тејлор Свифт, која оваа година паднала на третото место со заработка од 55 милиони години.

На второто место се нашол канадскиот пејач Џастин Бибер со заработка од 58 милиони долари, додека четвртото место го зазема Келвин Харис со заработка од 46 милиони долари. Првите пет ги заокружила Ријана со заработка од 43 милиони долари. Лејди Гага неодамна најавила дека нејзиниот нов албум “Artpop” ќе излезе во продажба во неомври. Форбс оваа листа ја составил осврнувајќи се на периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година, а според податоците кои ги добиле од менаџерите, агентите и продуцентите.