Според онлајн анкетата на повеќе светски портали во светот на шоубизнисот со 55 проценти освоени гласови најлошо облечена зѕвезда е Лејди Гага. Нејзиното појавување на доделувањето на наградите на MTV во фустан од сирово месо ги шокирала активистите и организациите кои се борат за заштита на животните.
Пејачката изјавила дека не ги разбира нивните критики и дека наредниот пат ќе облече фустан од соја. На второ место со 17 проценти од гласовите се најде Линдзи Лохан, а на трето место Кети Пери. На големо изненадување на пошироката јавност, четвртото место и припадна на Ријана.