Лејди Гага се нашла на првото место на листата најдобро платени ѕвезди во шоубизнисот помлади од 30 години. Таа минатата година заработила 90 милиони долари. На второто место се нашол пејачот Џастин Бибер, кој воедно бил и најмлад меѓу првите десет на листата. Тој минатата година заработил 53 милиони долари.
На третото место е кошаркарот ЛеБрон Џејмс, кој заработил 48 милиони долари, додека на четвртото место со милион долари помалку се напоѓа тенисерот Рожер Федерер. Кантри звездата Тејлор Свифт го зазела петтото место со заработка од 45 милиони долари во 2010 година. По неа следувале Кејти Пери, фудбалерот Кристијано Роналдо, Бијонсе, Лионел Меси и светскиот првак во тенис Рафаел Надал.