Пејачката направила „огромен“ индустриски грев и се здебелила 14 килограми.
Лејди Гага е висока 155 цм, а има 60 килограми. Поп пејачката добила 14 килограми и одбила да гладува само за да биде во рамките на „совршените“ женски пропорции.
-Горда сум на секој килограм. Тоа што се наоѓа внатре во човечкото тело е единственото што е важно. Плус, се е во начинот на кој позирате – прашајте било кој супер модел и ќе ви го каже истото!- напишала пејачката во описот на фотографиите кои ги поставила на својот инстаграм профил, а потоа објавила и друга фотографија за да ја покаже разликата.
Суровите идеали на убавина навистина им штетат на жените на модерното време. Морате да бидете со “совршени пропорции“ и “совршен“ тен. А тоа е само дел од сето она што “мора“ да бидете.