Третиот студиски албум на поп пејачката Лејди Гага “Artpop” се нашол на првото место на листата на Билборд. Албумот бил продаден во 258 илјади копии во првата седмица од објавувањето, било соопштено од Билборд. Ова е втор пат албум на пејачката да се најде на првото место на американската топ листа. Нејзиниот албум “Born This Way” дебитирал на првото место во 2011 година, а бил продаден во 1,1 милион примероци во првата седмица од излегувањето.
На второто место на листата се наоѓа лабумот на еминем “The Marshall Mathers LP 2” кој минатата седмица бил на првото место, а кој бил продаден во 210 илјади копии. Компилацијата поп хитови “Now 48” се наоѓа на третото место се 114 илјади продадени примероци, “Duck the Halls: A Robertson Family Christmas”, празничниот албум на актерите на серијата “Duck Dynasty” се нашол на четвртото место со 66 илјади примероци, додека албумот “Prism” на Кети Пери со 46 илјади продадени примероци се нашол на петтото место на оваа листа.