Пејачката Лејди Гага неодамна открила дека има рецепт за витката линија, кој подразбира конзумирање алкохол во големи количини. Таа рекла дека е на „алкохолна диета“ и додала дека обожава да пие виски и други пијалоци додека работи. Сепак не е само алкохолот рецепт за нејизната линија, бидејќи признала и дека многу вежба.
Изјавила дека вежба дури и кога се чувствува многу уморно. Меѓутоа, ваквите нејзини изјави според некои не се ниту малку случајни, и со нив се служела за што подобро да ја промовира новата книга на нејзиното момче „Пијаната диета“. Нејзината посилна половина, Лук Кал моментално работи како бармен во Њујорк, а во својата книга опишал како изгубил 18 килограми додека се пијанел и одел по журки.