Поп пејачката Лејди Гага купила на аукција во Лос Анџелес костими кои ги носел кралот на попот, покојниот Мајкл Џексон. Пејачката преку Твитер објавила дека купила 55 костими на аукција на куќата Џулиенс, и дека планира предметите да ги архивира и стручно да ги зачува во духот на љубовта кон Мајкл Џексон, неговата храброст, и обожавателите од целиот свет.
Аукционерот Дарен Џулиенс рекол дека јакната која Џексон ја носел за време на својата турнеја “Bad” била продадена за 240 илјади долари, додека две ракавици обложени со кристали биле продадени за повеќе од 100 илјади долари секоја. Колекцијата на неговите долгогодишни костимографи Денис Томпкинс и Мајкл Буш била продадена за повеќе од пет милиони долари, а дел од приходот ќе биде уплатен во хуманитарни цели.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com