Пејачката Лејди Гага, која неодамна го оперирала колкот, купила инвалидска количка од 24-каратно злато, која специјално за неа ја направил дизајнерот на накит Кен Бороцов. Тој за Њујорк Пост рекол дека дефинитивно не очекувал таков телефонски повик. Никогаш претходно не работел нешто слично, но секогаш бил отворен за предизивици.
Конструкцијата на количката, како и тркалата биле направени од злато, столицата била направена од црна кожа, имала црн чадор за сонце, како и посебен дел на кој пејачката можела да ги испружи нозете. Минатиот месец Лејди Гага ги откажала сите настапи на својата турнеја поради проблемите со колкот.