Прославениот музичар Елтон Џон и неговиот партнер Дејвид Фурниш ја запрашале славната пејачка дали сака да им биде кума на нивното синче Закари. Закари на свет го донела сурогат мајка, на 25.12.2010 година. Среќата на најпопуларниот геј пар била огромна.


Кога неодамна еден новинар го запрашал Дејвид дали навистина Лејди Гага ќе им биде кума, тој рекол дека ништо сеуште не е официјално потврдено, но признал дека шпекулациите се на место. Елтон и Гага се запознале на манифестацијата по повод доделувањето на наградите Греми, а Елтон бил воодушевен од пејачката, поради што веднаш се родило пријателство.