Пејачката Лејди Гага планира на лето да се омажи за актерот Тејлор Кини, изјавила за британскиот таблоид „Дејли Стар“ нејзината најдобра пријателка и ди џеј Лејди Старлајт, со кој американската поп дива соработувала во неколку наврати. Таа објаснила дека Гага чувствувала дека тој е оној вистинскиот и дека биле створени еден за друг.
Лејди Гага и Кини се во врска од 2011 година. Моментално се заедно во Чикаго каде пејачката закрепнува од операцијата на колкот, додека нејзиниот партнер снима ТВ серија.