Пејачката сака да има божиќна свадба од бајките во еден британски замок. Лејди Гага на своите вработени им рекла дека на крајот од европската турнеја ќе се омажи за своето момче Лук Карло.


Со оглед на тоа како се облекува, тешко е воопшто да се замисли како ќе и изгледа венчаницата, но сигурно можеме да очекуваме нешто несекојдневно. Наводно рекла и дека сака голема раскошна прослава, а на венчавката би сакала да дојде во кочија.