Поп пејачката Лејди Гага ќе настапи на 25 август на доделувањето на MTV видео наградите (VMA), и тоа ќе биде едно од нејзините први појавувања по операцијата на колкот. Таа на 27 минатиот месец ја пеела националната химна на њујоршката геј парада, а на доделувањето на VMA ќе изведе нов сингл од албумот “ARTPOP” кој излегува на 11 ноември.

Џастин Тимберлејк и дуото Меклемор и Рајан Луис водат во трката за овие награди со по шест номинации во различни категории, додека Бруно Марс има четири. Робин Тики, Мајли Сајрус, Пинк и рок групата “Thirty Seconds to Mars” имаат по три номинации.