Пејачката Лејди Гага најверојатно ќе се појави на филмските платна во улогата на покојната Ејми Вајнхаус. Откако таткото на Ејми, Мич, забранил театарска претстава за Ејми, потврдил дека е во припрема филм во кој во главната улога сака да ја види Лејди Гага.
Мич во интервју за медиумите изјавил дека тоа ќе биде биографски филм и дека Гага е повеќе од добредојдена на аудицијата за улогата на Ејми. Неговиот лик најверојатно ќе го глуми Реј Винстон.