Популарната пејачка Лејди Гага својата светска турнеја ја започнува на 27 април, а во рамките на турнејата ќе гостува во многу земји. Европската турнеја стартува на 14 август во Софија, а голем спектакл е закажан за концертот во Виена, која ќе биде одржан на 18 август.
На турнејата ќе биде следена од британскиот бенд “The Darknes”, продуцентот ZEDD како и долгогодишната соработничка Лејди Старлајт. Ова ќе и биде прва турнеја од објавувањето на албумот “Born This Way”, кој од мај 2011 ширум светот бил продаден во шест милиони примероци.