Еден британски земјоделец дошол на идеја да направи страшило со ликот на популарната пејачка Лејди Гага. Тој дошол на уникатна идеја како да се ослободи од гавраните кои го уништувале неговото земјиште. Инспирацијата ја добил гледајќи пејачката на овогодишното доделување на Брит наградите, каде Лејди Гага била многу ексцентрично облечена.
Тој за страшилото употребил идентичен фустан како оној кој го носела пејачката. Со ставањето на периката, сличноста меѓу пејачката и страшилото дошла речиси до идентичност. Трудот вродил со плод, бидејќи гавраните сега го одбегнувале неговото земјиште.