Американската поп дива Лејди Гага претрпела полесен потрес на мозокот кога еден од танчерите случајно ја удрил со метална шипка за време на концертот во Нов Зеланд. Инцидентот се случил во неделата ноќта кога пејачката на концертот во Вектор арената во Оукланд ја изведувала песната “Judas”.

На снимката од концертот може да се види како еден од танчерите подига метална шипка со која случајно ја удира пејачката во главата, по што таа губи рамнотежа, но брзо се созема и продолжува со настапот. После концертот нејзината шминкерка потврдила дека пејачката доживеала полесен потрес на мозокот, но и дека се чувствува добро. По турнејата на Нов Зеланд, Лејди Гага патува во Австралија, каде својот прв настап ќе го одржи во среда во Бризбејн.